| четврток, 6 декември 2018 |

Откриена масовна гробница со цивили масакрирани од ИД

otkriha-masov-grob-s-izbiti-ot-islqmska-dyrjava-civilni-377336

Сириската армија во близина на археолошкиот комплекс на Палмира открила масовна гробница со тела на десетици цивили, жртви на терористите од Исламска држава убиени за време на окупацијата на градот, пренесе ТАСС.

Единиците на сириската армија, кои учествуваат во операциите на реконструкција на безбедноста во близина на Палмира, откриле масовна гробница со тела на 31 жител, меѓу кои тело на дете и на жени.

Претставник на сириската полиција изјави дека по нивните тела се гледаат траги од мачењата на кои биле подложени пред смртта.

Судејќи по остатоците, исламистите обезглавиле дел од жртвите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top