| четврток, 6 декември 2018 |

Пациент направил хаос на радиологија, поради презакажан „мој термин“

Во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, на Клиниката за радиологија, вчера околу 15.00 часот четириест и шестгодишниот И.И. го навредувал персоналот, физички нападнал болничар, а го искршил и стаклото од вратата на ходникот, по што интервенирало обезбедувањето.

Причина за ваквото однесување, соопшти денеска МВР, било поради презакажан рок за „мој термин“.

Од страна на полициски службеници сторителот бил приведен во Полициската станица во Кисела Вода. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top