| четврток, 6 декември 2018 |

Пожар проголта пекарница и автомобил во Гостивар (ФОТО)

1pozar-gostivar

Вчеравечер околу 19:30 часот пријавен е пожар во подрумските простории на пекарница, под маркетот „Кета“, на улицата „Иво Лола Рибар“ во Гостивар, сопственост на 39-годишниот Б.Ј. од Чајле.
Опожарени се пекарска опрема и работен инвентар, а вкупната материјална штета на опожареното и оштетеното, според сопственикот, се проценува на околу 15 илјади евра.

Извршен е комплетен увид, фотодокументирани се оштетувањата, подигнати се траги за вештачење и се работи на расветлување на причините и сите други поединости поврзани со овој пожар.

На магистралниот пат Гостивар-Кичево, поточно во близина на Здуњската крстосница, денеска предпладне било запрено патничко возило „голф“ со охридски таблици, управувано од 25-годишниот кичевец Х.Т., кое се движело кон Кичево.

pozar-gostivar

Набрзо по запирањето на возилото од полициските службеници, пламнал оган во десниот долен дел од моторот, кој брзо се проширил.

Повикана е противпожарната служба од Гостивар, која интервенирала, но возилото речиси целосно изгорело.

Нема повредени, а вкупната материјална штета се проценува на 5000 евра. Извршен е увид и се утврдува причината за опожарувањето и се друго.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top