Тату артист пронајде прекрасен начин за да им го олесни на децата престојот во болница. Бенџамин Лојд од Нов Зеланд им прави привремени тетоважи на малите пациенти во болницата „Starship“ за накратко да им ги оттргне мислите од болестите со кои се соочуваат.
Бенџамин бил мотивиран да тетовира деца откако синот на неговата девојка, кој го сакал како свој, починал. Тој вели дека тетоважите им ја зголемуваат самодовербата на децата и им ги менуваат лицата. „Тоа многу ги усреќува децата и им ја зголемува самодовербата“ – вели Лојд. „Единственото лошо нешто е што тие не сакаат да се искапат потоа“ – се шегува тој.
-Живеам за тие насмевки, пишува Бенџамин на својата Фејсбук страна.
Мисијата на Бенџамин започнала откако во објава напишал дека ќе ги тетовира сите деца во болницата доколку собере 50 допаѓања на Facebook, но не ни помислувал дека цифрата брзо ќе порасне до 450.000 допаѓања и 250.000 споделувања. Комплиментите упатени кон Лојд на социјалните мрежи постојано се зголемуваат, како и барањата од родители на болни деца од други држави да ги посети и нив.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
(Вознемирувачко фото) Докторка од грчките плажи апелира: Никако не смеете да го правите ова
-
Kако би ви стоела тетоважа? Одлична апликација (видео)
-
Лукас, пази се-Бранислава има опасна тетоважа, а еве што таа значи!
-
Ги има на сите страни-погледнете ги многуте тетоважи кои ги има новата девојка на Лукас!