| четврток, 6 декември 2018 |

Порака од Приштина: Отстранувањето на споменикот во Прешево го доведува во прашање дијалогот

Косовската Влада изрази огорченост заради отстранувањето на споменикот на ОВПМБ во Прешево утрово. Околу 200 српски жандарми со механизација го тргнаа, како велат, нелегалниот споменик.

„Овој грд чин на Владата на Србија сериозно го доведува во опасност процесот на дијалогот за нормализација на односите меѓу Косово и Србија и директната одговорност за тоа паѓа на Србија“, се наведува во соопштението од Владата на Косово. Косовската Влада уште ги повика Албанците од Прешевската долина и граѓаните на Косво да не одговорат на „кукавичката провокација на Србија“.

Во меѓувреме, вршителот должност на шеф во Србија на Мисијата на Организацијата за безбедност и соработка во Европа Пола Тиде изрази жалење што преговорите за изнаоѓање компромисно решение за спорниот споменик се прекинати со одлуката на Владата на Србија тој да се отстрани.

Српската жандармеријата утрово го отстрани споменикот на ОВПМБ од плоштадот пред зградата на општина Прешево, за кој не успеа да обезбеди документи за легализација.

Српскиот премир и министер за внатрепни работи Ивица Дачиќ изјави дека истекле сите законски рокови споменикот да го преместат оние кои бесправно го поставија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top