Германската канцеларка Ангела Меркел соопшти денеска дека Владата го одобрила новиот пакет мерки, кој има за цел да и помогне Германија да се справи со интеграцијата на околу 1,1 милион мигранти, кои се пристигнати во земјата минатата година, пренесува БТА.
– Мислам дека е ова е важен чекор, изјави Меркел.
Според нејзините зборови, овие мерки се насочени кон балансирање на нови „можности и задолженија“ за мигрантите.
Мерките вклучуваат проширување на курсевите за ориентирање на мигрантите и покус рок на чекање за курсевите за интеграција, со поголем акцент на изучувањето на германскиот јазик.
За да стапат во сила, неопходно е овие мерки да бидат одобрени од парламентот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст