Природниот прираст во Македонија во првото тримесечие бил позитивен, но е евидентирано намалување на бројот на живородени деца во споредба со истиот период во 2015 година, соопшти Државниот завод за статистика.
Во првиот квартал се родени 5.537 деца, што е за 0,8 отсто помалку од лани.
Намалување од седум отсто е регистрирано и кај умрените лица, чиј број во првото тримесечие изнесувал 5.495, а од нив 61 се умрени доенчиња.
Природниот прираст е 42 лица, што значи дека за толку бројот на живородените деца е поголем од бројот на умрените лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.