Дваесет и петгодишен мигрант од Пакистан е повреден во тепачка меѓу мигранти што се случила синоќа во селото Ваксинце.
Повредениот мигрант поради сериозноста на повредите во десната страна на градниот кош е пренесен во Ургентниот центар во Скопје.
Тепачката во полиција ја пријавил Х.А. од селото Ваксинце кој посочил дека 10 до 15 непознати лица, најверојатно мигранти, меѓусебно се тепат. Во истиот период од Општата болница во Куманово во полиција било пријавено дека на хирушкото одделение бил донесен С.Р. (25) од Пакистан, кој како итен случај е препратен во Ургентниот центар во Скопје.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Куманово. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст