| четврток, 6 декември 2018 |

Ливерпул и Барса закажаа спектакл на Вембли

Екипите на Ливерпул и Барселона ќе одиграат пријателски натпревар како подготовка за следната сезона.

Како што потврдија од управата на англискиот клуб, натпреварот со каталонскиот гигант ќе го одиграат на 6. август во 18:00 часот на стадионот „Вембли“.

Овој меч ќе биде одигран во рамките на традиционалниот Интернационален куп на шампиони кој се одржува секој август како подготовка на екипата за претстојната сезона.

Покрај дуелот со Барса, Ливерпул ќе одигра пријателски натпревари и со Челси и Милан, а Барселона со Лестер и Селтик.

Интересно е што Ливерпул и Барселона немаат играно едни против други уште од 2007 година кога „црвените“ ги исфрлија Каталонците од осмина-финалето во Лигата на Шампиони.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top