| четврток, 6 декември 2018 |

Љубовта кон клубот нема граници, го нацртал грбот на Баерн на стакленото око

Навивачот на Баерн Минхен од САД Рајан Гибсон го привлече вниманието на сите фудбалски фанови со својот невиден потег.

baern minhen oko

Тој за разлика од негови колеги кои се тетовираат во боите на клубот, тој се одлучил да направи нешто оригинално. Рајан го загубил десното око откако заболел од редок вид тумор. Оттогаш носи стаклено око, но за да не биде приказната обична, одлучил да го нацрта логото на Баерн на него.

– Секој може да има тетоважа на Баерн, но не и омилените бои на своето око – изјави Гибсон.

Логото не го нацртал самиот тој, туку окулист од Северна Каролина кој е негов пријател.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top