| четврток, 6 декември 2018 |

Најсниманата куќа во Србија, која постарите генерации сигурно ќе ја препознаат – еве зошто

Баба Катинка (90) ја поседува куќата која оние од постарите генерации сигурно ќе ја препознаат во некој филм, спот или серија.

hjyfj

Филмската кариера започнува сосема случајно, така што екипа задолжена за снимања ја прашала сопственичката Катинка, дали може да влезе во вилата за снимање на филмови. Куќата одговарала поради големиот двор, и затоа што се наоѓа во близина на центарот на градот.

Низ куќата на Катинка поминале многу актерски имиња, кои за спомен оставиле автограми кои баба Катинка сеуште ги чува. Таа им варела кафе, а тие со нејзе делеле храна која ја добивале за снимањата.

Тука се снимани сериите „Горе-доле“, Јелена, филмот „Бал на вода“, а и многу други. На оваа локација Цеца Ражнатовиќ го снимала спотот за песната Кукавица која и донела најголем успех до тогаш.

Екипата на српски Мондо заедно со баба Катинка откриваат детали кои ќе ги погледнете во видеото.

Погледнете:

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top