Едно лице е застрелано во престрелка која вчера околу 23 часот се сличила во близина на ресторанот Фурна во центарот на Скопје.
Околу 22.05 час на ул. „М.Т.Гологанов“ бб на паркингот на ресторанот „Фурна“ лицето М.Ј. (1976 ) од Прилеп било застрелано од непознато лице во моментот кога сакало да го вклучи својот џип „ПМВ порше кајен џип“ и да замине. Непознатото лице испукало два проектила од пиштол од засега непозната марка кон возилото, тие го пробиле совозачкото десно стакло, а излегло од возачката врата при што му нанело видлива повреда огреботина на ногата.
Повредениот го напуштил местото на настанот со своето ПМВ, заминал дома и заедно со сопругата по 40 мин од настанот се враќаат повторно на л.м и го пријавуваат настанот во полиција. На местото пронајдени се две чаури од НН калибар.
Причините за сега се непознати…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст