Предлогот на републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп да се сретне со севернокорејскиот челник Ким Џонг-Ун е еден вид „пропаганда или реклама“ во изборната трка, изјави восок функционер на Северна Кореја.
Минатата седмица во интервју за Reuters во Њујорк, милијардерот Доналд Трамп изјави дека има волја да разговара со младиот Ким Џонг-Ун за да се обиде да ја запре нуклеарната програма на Северна Кореја, предложувајќи со тоа пресврт во американската политика кон оваа изолирана комунистичка земја.
„Мојот врховен водач ќе донесе одлука за тоа дали ќе се сретне или не, но јас мислам дека неговата идеја (на Трамп) е бесмислица. Тоа е поради претседателските избори, некој вид пропаганда или реклама“, изјави во понеделникот вечерта Со Се Пијонг, северонокорејскиот амбасадор при Обединетите нации во Женева.
Северна Кореја првата седмица од годинава го изведе четвртиот нуклеарен тест а веќе во февруари изврши и лансирање на ракета со долг дострел, поради што ѝ е наметнати уште поостри меѓународни санкции.
Со повтори дека неговата земја е подготвена да се врати на шестостраните преговори за нуклеарната програма и исто така рече дека „како одговорна нуклеарна држава“ Северна Кореја нема никогаш прва да употреби нуклеарно оружје
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.