Горан Пандев беше стрелец на еден погодок, во победат од 3-0 на Наполи против Пескара, вечерва. Во последниот натпревар од саботната програма во Серија А, гостите го скршија отпорот на Пескара во второто полувреме, кога ги постигнаа сите 3 гола. Македонскиот репрезентативец беше стрелец на вториот погодок за второпласираната екипа во Италија.
Пандев одигра одлично, имаше уште неколку шанси за гол, а стрелаше прецизно во мрежата на Иван Пелицоли во 58. минута, по асистенцијата на Кристијан Маџо. Нашиот репрезентативец беше стартер и одигра до 79. минута, кога беше повлечен од игра.
Отпорот на домаќините, кои имаат само теоретски шанси за опстанок во Серија А, траеше до почетокот на вториот дел. Инлер прв ја начна мрежата на Пескара, а потоа следеа головите на Пандев и на Џемаили. Наполи ја задржа втората позиција и по денешните 3 натпревари, зад лидерот Јувентус.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


