Во едно британско истражување спроведено над 1.200 жени и мажи кои се диета, испитаниците откриле дека им биле потребни четири години за да признаат дека имаат вишок килограми, а уште година и пол да почнат да делуваат за да ги „стопат“ масните наслаги.
Причината за „слепилото“ психолозите го гледаат во срамот поради вишокот килограми кој не тера да негираме дека има проблем, наместо да се соочиме со него. Но, има уште еден фактор, а тоа е дека дебелината стана општествено прифатлива.
Посебно станува тешко да ја забележиме дебелината ако постепено се здебелуваме. Како што ние добиваме на тежина, така и нашата околина станува се подебела, па перцепцијата за слабо, дебело и нормално се менува.
Затоа, истражувачите советуват да бидеме искрени кон себе, затоа што ако сакаме да го решиме проблемот, мора да признаеме дека го имаме.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.