На Фејсбук се појавија крано бизарни и вознемирувачки фотографии, за кои се тврди дека се од Кина, а на кои се гледа човечко месо кое наводно е продавано како месен производ во Африка, објави Дејли Мејл.
Имено приказната почна откако масовно беа споделувани фотографии од фабрика за месо на социјалните мрежи, на кои се гледаат одрани човечки трупови, а за поттикнување на оваа лавина послужи и печатот во Замбија кој објави во своите текстови изјави од луѓе кои работеле внатре во овие фабрики.

Според медиумите, до оваа идеја се дошло откако во Кина снемувало простор за чување на мртвите тела, а други зборуваат дека тоа е направено за да се сочува „доброто месо“ за богатите земји. Меѓутоа амбасадорот на Кина во Замбија остро ги демантираше овие приказни:
-Локален таблоид денеска ги прошири гласините дека Кинезите користеле човечко месо и го продавале како говедско и тоа во Африка. Ова е целосно злонамерна клевета и апсолутно е неприфатливо за нас. Со ова го изразуваме нашето најголемо негодување и наостра осуда над таквиот чин, изјави кинескиот амбасадор во Замбија, Јанг Иоуминг.
Во својата изјава тој додава дека тие намерно се пласирани од страна на луѓе што сакале да ги упропастат долгогодишните добри односи меѓу Замбија и Кина.
-Кинезите продаваат мртви тели наместо говедско месо и ги испраќаат во Африка. Ве молам, избегнувајте говедско без оглед на брендот, посебно во маркетите со африканска и афро -азиска мешана стока, напиша на Фејсбук еден корисник.
Меѓутоа набрзо измамата околу овие фптпграфии беше разоткриена на сајтот Snopes.com. Тие наведоа дека фотографиите се од маркетингшката кампања за видео играта Resident Evil 6 од 2012. godine. Сликите кои се појавуваат и на кои се гледаат мртви одрани тела, настанале за потребите на снимањето на реклама во лондонскиот Смитфилд маркет.
Од друга страна, тогаш никнувале лажни продавници под името Vesker & Sin Resident Evil Human Butchery и продавале месо во облик на човечко тело.
Како и да е, амбасадорот на Кина во Замбија побара од органите да ги истражат овие наводи, а заменик министерот за одбрана на Замбија се извини во име на земјата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Во Србија уапсени луѓе заради продажба на 31 тон расипано месо од Бразил
-
Полицаец се заканувал со пиштол во месарница, не му се допаднало месото
-
Компании од Бразил добиле забрана за извоз на месо во Македонија поради небезбедно месо
-
Во 398 контроли на месарници уништени 414 килограми небезбедно месо