| четврток, 6 декември 2018 |

Ван дер Белен e новиот претседател на Австрија

Независниот кандидат Александер Ван дер Белен е новиот претседател на Австрија.

timthumb

Тој во вториот круг од претседателските избори, го победи неговиот противник Норберт Хофер, кандидат од ектремно-десничарската Слободарска партија на Австрија со минимална разлика.

Неговиот противкандидат, Норберт Хофер од екстремно десничарската Слободарска партија на Австрија (ФПО) го призна поразот и на Белен му ја честиташе победата преку Фејсбук.

Хофер воедно им се заблагодири на оние кои гласале за него, додавајќи дека „предизборната кампања била инвестиција за во иднина“.

Австриските медиуми пишуваат дека ова беа најнеизвесните претседателски избори во историјата на земјата. Победникот беше познат дури откако се преброени и гласовите на оние гласачи кои гласале преку пошта.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top