Постигнат е договор за формирање на новата влада во Италија, со што заврши двомесечниот политички ќор-сокак од општите избори.
Коалицијата е направена од Демократската партија на Енрико Лета и партијата на Берлускони. Берлускони изјави дека тој нема да биде министер, но смета на високи позиции за неговите следбеници.
Анџелино Алфано, секретар на ПДЛ, ќе стане заменик-премиер и министер за внатрешни работи во новата влада.
Меѓу другите клучни назначувања предложено е генералниот директор на Банката на Италија Фабрицио Сакомани да го предводи моќното Министерството за економија, а поранешната европска комесарка Ема Бонино ќе стане министер за надворешни работи.
Формирање на новата влада стави крај и на нестабилните финансиски пазари, заради неубедливите избори во февруари.
Со ваквата коалиција, Претседателот Наполитано смета дека владата ќе ја има поддршка од двата дома на парламентот.
“Се надевам дека оваа влада може работи побрзо во духот на соработката и без никакви предрасуди или конфликт”, рече тој.
“Тоа беше и е единствената можна влада.”
Според БиБиСи, новата влада мора да се справи со брзото опаѓање на економска ситуација, растечката невработеност, особено за популацијата под 35 години и со недостаток на економски раст, но со товарот од некои драконски мерки за штедење усвоени од претходната техничка влада.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


