| четврток, 6 декември 2018 |

„Нокиа“ се враќа на пазарот

Финскиот производител на телекомуникациска опрема „Нокиа“ соопшти дека планира глобално враќање на пазарот на мобилни телефони и таблет компјутери и дека за таа работа лиценцирал нова финска компанија.

„Нокиа“ ќе додели ексклузивна глобална лиценца на фирмата „HMD global“ за производство на мобилни телефони и таблет компјутери во следните десет години, се наведува во соопштението.

Во рамки на тој процес „HMD global“ и неговиот партнер од Тајван, фирмата „FIH mobile“ од групацијата „Fokskon“, ќе го купи секторот на „Мајкрософт“ за мобилни телефони, за 350 милиони долари, соопшти американската фирма во посебно соопштение.

„Нокиа“ беше водечки светски производител на мобилни телефони во периодот од 1998 до 2011 година, но ја надмина јужнокорејската фирма „Самсунг“, бидејќи не реагираше на време на развојот на паметните телефони, пренесе АФП.

Компанијата во 2011 година одлучи да премине на „Виндоус платформа“, но тоа беше деловен неуспех. Новите производи на „Нокиа“ ќе го користат оперативниот систем андроид.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top