Раководството на Наполи нема намера да го продаде Гонзало Игуаин без оглед на интересот од бројни европски гиганти. Арсенал, Челси, Манчестер јунајтед и ПСЖ сите подготвија понуди над 50 милиони евра за Аргентинецот, но „наполитанците“ немаат намера да се разделат од голгетерот кој имаше историска сезона во Серија А.
– Ставот на нашиот клуб е јасен, Игуаин има договор со Наполи, а ние немаме намера да го продадеме бидејќи тој е клучен играч. Затоа, пораката до сите заинтересирани екипи е да ги тргнат рацете од Игуаин – порачаа од управата на Наполи.
Највисоката понуда досега е добиена од Пари сен Жермен, во висина од 60 милиони евра, што е далеку од откупната клаузула во договорот што Аргентинецот го има со „наполитанците“.
– За да нема недоразбирања и бројни шпекулации со сумите, сакаме да потенцираме дека во последниот договор меѓу Наполи и Гонзало Игуаин постои клаузула според која овој договор може да се раскине со уплата од 94 милиони и 736 илјади евра на нашата сметка – потенцираат челниците на Наполи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Павлопулос: Нема да прифатиме своеволни толкувања на Договорот од Преспа
-
Заев: Македонско-грчката комисија ќе почне да работи откако ќе се ратификува Договорот од Преспа во двете земји
-
Каменос се закани дека ќе ја напушти владата, кога Договорот од Преспа ќе дојде во парламентот
-
Кувелис: Договорот од Преспа ќе биде ратификуван во грчкиот Парламент