На академик Ристо Василевски му беше врачено највисокото меѓународно признание кое се доделува „За исклучително поетско творештво” во Русија.
Македонскиот академик Ристо Василевски и поетесата Олга Панкина од 18 до 20-ти овој месец учествуваа на Осмиот меѓународен фестивал на словенските поезии што се одржа во руските градови Твер и Каљазин, а кој беше посветен на 130-годишнината од смртта на истакнатиот руски поет Николај Гумилјов.
На фестивалот учествуваа близу педесет еминентни поети од сите словенски земји. Во рамките на програмата беа одржани повеќе манифестации на кои многумина учесници ја истакнуваа улогата на светите браќа Кирил и Методиј и Климент и Наум Охридски, а со најголема почит беа спомнувани Охрид – како пиемонт на словенската писменост – и Струшките вечери на поезија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.