Во последните 10 години најголем раст на пензиите и платите имаат граѓаните на Македонија и Црна Гора, а Србите најмала, пишува српски „Курир“.
Жителите на Македонија и Црна Гора од 2006 година до денес имале најголем раст на платите и пензиите, додека во истиот период најлошо поминале Хрватска и Србија.
Црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ, во очи на јубилејот на независноста, рече дека просечната плата во Црна Гора е за 70 отсто поголема од пред 10 години, бруто домашниот производ исто така за 70 проценти, а пензиите за 100 отсто.
Покрај Црна Гора и Македонија има причина да се пофали. Платите се зголемени за 60, а пензиите за 70 отсто.
Босна и Херцеговина го зема третото место во ова 10 годишна споредба и ја потврдува оценката дека ваквиот пласман е делумно последица на ниските почетни основи кои ги имаа овие три држави.
Големиот раст, сепак не им помогна да ги претекнат Словенија и Хрватска, кои сè уште имаат речиси двојно повисоки плати и пензии.
Србија, гледано во динари, има голем раст, скоро како Македонија и Црна Гора, но кога ќе се направи пресметка во евра, Србија е на дното, пишува српски „Курир“ .
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.