| четврток, 6 декември 2018 |

Вашите традиционални обележја се дел од целокупното културно богатство на нашата држава

vlasi

Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељановски упати честитка до припадниците на влашката етничка заедница во Република Македонија по повод Националниот ден на Власите – 23 Мај.

Co одбележување на овој празник, истакнува Вељановски, го афирмираме вековното постоење на влашката заедница која е тесно поврзана со целокупната историја на македонскиот народ и борбата за независна држава.

– Вашите традиционални обележја се дел од целокупното културно богатство на нашата држава. Тука мора да се истакне придонесот на припадници на влашката етничка заедница во Република Македонија, бидејќи нивните дела се опфатени во сите сфери на општествено делување. Наша цел е и понатаму да го унапредуваме заедничкиот соживот со сите етнички заедници и нивната верска определеност, бидејќи тоа ни дава сигурност кон просперитет на нашата татковина, наведува Вељановски во честитката.

Наша должност како граѓани на Република Македонија, се истакнува во честитката, е да работиме за градење на европска и демократска држава во која се промовира недискри­минацијата и се овозможува еднаквост за сите граѓани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top