Кога е во прашање Кејт Мидлтон, за повеќето луѓе првите асоцијации се мода, елеганција, префинетост, нежност.
Но фотографиите кои излегоа пред некој ден во јавноста покажуваат нешто сосема поинакво.
Убавата војвотка која сме навикнале да ја гледаме со елегантни фризури или со совршено исфенирана коса, која е нејзин заштитен знак, си дозволи себе си да се појави со мрсна коса, неуредно врзана во репче.
Кејт овојпат е фотографирана во црна тренерка, памучна блуза и патики за трчање.
И додека многумина се разочарани од овој моден пропуст, бидејќи во Кејт последниве години пронаоѓаа моден пример и икона на стилот, други ја бранат велејќи дека и таа е само жена на која и треба одмор од постојаните шминкања и фризури.
Она што е неспорно е дека војвотката од Кембриџ изгледа убаво и без шминка, но дека нејзината положба сепак обврзува на префинет изглед во секоја прилика.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Принцезите на воена нога: Како лошите односи на Кејт и Меган од џебот на Британците ќе извадат пет милиони фунти
-
Кејт Мидлтон се расплакала поради Меган: Исплива највалканата тајна од кралската венчавка!
-
Ги закрви браќата: Вилијам поради Меган се скара со братот!
-
Социјалните мрежи горат: Една реченица го откри односот меѓу Кејт и принцот Вилијам!