Ким Кардашијан во јавноста се појавува во разни изданија, а во последното изгледа како само да излегла од кревет.
Старлетата со сопругот Канје Вест се појави во свилен фустан на улиците на Лондон. Креацијата баш изгледа како црна ноќница со чипкасти детали.
Инаку овој фустан е нов тренд меѓу светските џетсетерки кои не се срамат од дома да излезат како да се подготвиле за спиење. Ким нема проблем со тоа, бидејќи таа го следи трендот, ма каков тој и да е.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.