Во времето кога Либија страда поради тешки економски проблеми, златници и сребрени пари од времето на Гадафи вредни 184 милиони долари се заклучени во сеф во градот Бејда на истокот на земјата, но до нив за сега тешко може да се дојде.
Имено, додела локалните функционери немаат шифра да го отворат сефот, спротивставената фракција во Триполи не сакаат да ја откријат.
Гувернерот на централната банка во источна Либија, Али ел Хибри, за Волстрит Џорнал рече дека размислувал за тоа да ги стопи златните и сребрените пари за да ги обезбеди толку потребните пари.
Гувернерот пред себе има тешка задача, како да го отвори сефот за кој шифрата ја има друга влада во Триполи, суров непријател на властите во источниот дел на земјата.
Меѓутоа, тие не сакаат да ја кажат шифрата бидејќи се плашат дека парите ќе завршат во финансирање на полицијата.
Гувернерот на банката во Бејди изнајми експерти за отварање на сефови, кои веруваат дека можат да го отворат речиси 50 години стариот сеф.
Еден од експертите Калед, вели дека треба да се пробие заштитниот ѕид со бушење на дупка од 50 сантиметри, а пота бравар со „специјални техники‟ треба да се обиде да ја отвори вратата заштитена со петоцифрен код.
И ако успее во намерата да го отвори сефот, на гувернерот на банката му се спротивставува локалното население кое инсистира „скриеното богатство‟ да припадне на граѓаните на Бејда, пренесува РТС.
Падот на цената на нафтата ја скрши Либија, земја богата со нафта, а земјата се соочува и со политички проблем, бидејќи двете ривалски влади се обидуваат да се изборат и меѓусебно, но и со џихадистите од Исламската држава.
Откако во 2011 година беше убије повеќедеценискиот лидер Муамер Гадафи, Либија се наоѓа во расцеп меѓу две фракции на спротивните краишта на земјата.
Доминантно исламистичката фракција, прокламирана по изборите во 2014 година, се наоѓа во Триполи. Од друга страна, меѓународно признатата влада е стационирана во источен град Тобрук.
Производството на нафта моментално е помалку од една четвртина од 1,6 милиони барели на ден, колку што се произведувало во Либија во текот на власта на Муамер ел Гадафи.
Златните и сребрените пари се исковани во 1979 година во знак на сеќавање на 10 годишницата на доаѓањето на власт на Гадафи.
Една страна на кованиците прикажува тврдина изградена во италијанскиот колонијален период во јужниот град Саби каде Гадафи го одржал својот прв говор и најавил власт над земјата.
Другата страна прикажува биста на диктаторот која носи полковничка капа и воена униформа.
Големата Социјалистичка Народна Либијска Арапска Џамахирија е изгравирана на златните и сребрените кованици тешки 16 и 28 грама.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст