| четврток, 6 декември 2018 |

Босна и Херцеговина е пред финансиски колапс

KMЕкономски експерти предупредуваат: Босна и Херцеговина е пред колапс. Домашните експерти укажувајќи дека на наплата дошле сите години неработење и „живот на кредит“, но и заради постојаната политичка криза. Како опис на состојбата наведуваат дека платите од федералниот буџет доцнат 15 дена, а во одделни државни и федерални органи и јавни претпријатија веќе е најавено намалување на платите. Поради неможноста да ги платат сметките на одделни претпријатија, установи и организации им се заканува исклучување на телефон, вода и струја. Така на сараевското претпријатие Водовод и канализација веќе му е исклучена струјата поради долгови кон Електродистрибуција. Речиси секоја недела пред Владата на Федерацијата БиХ протестираат работници, а протести се случуваат ширум цела БиХ, кои засега се мирни и не се масовни.

Сега сите во БиХ гледаат кон ММФ од каде на БиХ годинава треба да и бидат доделени 239 милиони конвертибилни марки, а на Република Српска 120 милиони КМ. Овие средства се сметаат за спасоносни за земјата, но за да се платат долговите кон ММФ ќе мора да се оди во непопуларни кратења на трошоците, предупредуваат експертите.

– Кога следната година средствата ќе дојдат за наплата, а станува збор за милијарда марки, ќе биде уште потешко, предупредува Професорот по економија Вјекослав Домљан.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top