Наместо во куќен притвор, во хотел, јавува телевизијата Сител. Основниот суд во Куманово по поднесена меѓународна потерница и кривична пријава од МВР за кражба на автомобил и фалсификување во Србија, хрват и србин на четврти месецов се фатени на граничниот премин Табановце. На двајцата им е изречена мерка притвор и истите се спроведени во затворот во Шутка. Но, судот во Куманово и јавното обвинителство ја преиначиле мерката , во куќен притвор за хрвтаскиот државјанин, и истиот е сместен во хотел близу местото каде бил уапсен.
Во недостаток на кука во која би одлежувал куќен притвор, странскиот држјанин е сместен во хотел . Од хотелот до српската граница има само 3 километри што е огромен ризик за бегство, анализира Сител.
На местото околу хотелот нема униформирани службени лица кои би го гарантирале неговиот престој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


