| четврток, 6 декември 2018 |

Сексот и статистиката

Уште едно истражување поврзано со секс- навиките. Овој пат за должината на „чинот“ и на предиграта...

seks1Страста да се „фрли окце“ во туѓа спална не е само балканска работа. Всушност психолозите велат дека така луѓето се споредуваат, но и да се проверат приказните кои често делуваат „напумпано“.

Списанието Гламур анкетирал 1000 испитаници на прашања колку им трае сексуалниот чин, а колку предиграта. Добиените резултати веројатно ќе одат во прилог на личната суета, но не и во споредба со наводните потреби кои ги тврдат секс-експертите.

Накратко, предиграта според анкетата трае меѓу пет и девет минути (33 посто), додека „чистиот секс“ од 10 до 14 минути (28 посто). Но, со ред..

Помалку од 5 минути

Предигра 23 посто; Секс 8 посто

5 до 9 минути

Предигра 33 посто; Секс 25 посто

10 до 14 минути

Предигра 24 посто; Секс 28 посто

15 до 19 минути

Предигра 12 посто; Секс 17 посто

20 минути и повеќе

Предигра 8 посто; Секс 22 посто

А што вели науката? Во „Идеален ден“ човекот треба да вброи и 106 минути секс и 36 работа, со што би се постигнал ефектот на долговечност бидејќи едноставни би биле- Среќни!!

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top