Ким Кардашијан последните денови се сомнева дека е повторно бремена па решила да провери дали повторно ќе стане мајка со домашни тестови за бременост и за тоа ги известила сите свои обожаватели.
Ким го фотографирала купените тестови до кои напишала „Имам напад на паника“, бидејќи потсетуваме синот Сент го родила пред само пет месеци.
Ким потоа направила „селфи“ пред да влезе во тоалетот и да ги направи тестовите затоа што ниту една секунда од нејзиниот живот не смее да остане скриен од верните обожаватели.
Кога Ким се изм*чала врз сите тестови кои можела да ги набави, ги фотографирала и го објавила тестот кој покажа дека ново бебе во семејството Крадашијан –Вест се уште нема да има.
Малку е да се рече дека овие фотографии предизвикаа бројни негативни коментари во кои најчесто пишува дека овој пат претерала како и дека треба да си најде нова забава во животот освен објавување на фотографии кои апсолутно никој нема желба да ги гледа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.