| четврток, 6 декември 2018 |

Проколната матура 2016: По ученичката и професор умрел на прослава

Професор по биологија во Средно мешано  училиште во Жепча Михад Цикотиќ починал на прославата на матурската вечер, каде со своите ученици го славеле завршувањето на училишната година.

Hitna-620x350

Според изјавите на сведоците, на Цикотиќ му се слошило и паднал на подот. Професорот починал на пат до болница.

Како што пренесуваат босанските медиуми професорот не бил под дејство на алкохол но бил дијабетичар.

Матурантите била шокирани и ја прекинале матурската прослава.

13239321_278204022518600_3240447151025741144_n

Потсетуваме ученичката Николина Р. (17) од средно училиште во Чапљина исто така почина на матурската прослава. Несреќната девојка и порано имала проблеми со срцето, а пред неколку години починала нејзината мајка од последиците на срцев удар.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top