Иако до одреден момент криеше дека е бремена, Николија пред извесно време објави дека таа и нејзиниот партнер Реља Поповиќ го очекуваат своето прво дете.
Идната мама е во 6 месец од бременоста, а меѓу последните фотографии кои ги објави на Инстаграм може да се види дека под широкиот модерен фустан се наѕира стомачето.
Николија се потсети и на фотографиите кои настанале во март, кога била во 4 месец од бременоста и кога стомакот само што почнал да и се познава.
Фотографиите се доказ дека пејачката блеска и дека бременоста и годи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.