| четврток, 6 декември 2018 |

Обљубил немоќно лице, заработил кривична

по

Полицијата во Кичево поднесе кривична пријава против  А.Ч. (30) од Албанија со привремен престој во Охрид и К.К. (51) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „обљуба врз немоќно лице“.

Како што соопшти МВР, пријавените во периодот од 19­ти до 20­ти овој месец, во куќата сопственост на К.К. во Кичево, злоупотребувајќи ја нејзината душевната растроеност, извршиле обљуба врз 19­годишна девојка од Охрид. Оштетената која е душевно болно лице, на 19­ти мај оваа година била пријавена за исчезната, по што СВР Охрид презеде мерки за нејзино пронаоѓање. На 20­ти мај во 22,40 часот полициски службеници на булеварот „Железничка“ во Охрид, сопреле патничко моторно возило „Опел Астра“ со кичевски регистарски ознаки, во кое биле двајцата пријавени и оштетената. Мерките на СВР Охрид за пронаоѓање на Т.Н. која беше пријавена како исчезната, се водеа во координација и насоки на Јавното обвинителство во Охрид и Полициската станица Кичево, по што, врз оштетената извршен бил медицински преглед, а извршен бил и преглед и претрес во возилото, а потоа и во домовите на пријавените и преземени се и други оперативни мерки и активности за целосна реализација на настанот.

При претресите извршени по наредба на Основниот суд во Кичево, во домот на пријавениот К.К. пронајдени биле предмети кои се од значење за понатамошната кривична постапка. Со соодветна потврда се привремено одземени и испратени на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top