| четврток, 6 декември 2018 |

МОК ќе биде домаќин на меѓународниот олимпски врв следната година

mok

Македонскиот Олимписки Комитет во 2017 година ќе биде домаќин на најистакнатите луѓе од светот на олимпизмот. МОК ја доби честа и довербата да биде организатор на 38-та сесија на Европските олимписки комитети (ЕОК), која ќе се одржи во хотелот „Мериот“ во Скопје. Ова беше одлучено на 37-та сесија на ЕОК, која се одржа во Тарагона, Шпанија, на која учествуваа Генералниот секретар на МОК, д-р Сашо Поповски и спортскиот директор на МОК, Владимир Богоевски.

mok 1

На оваа сесија учествуваа преку 200 претставници од Европските олимписки комитети, од Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) и Асоцијацијата на Националните олимписки комитети, од Светската анти-допинг агенција (WADA), Судот за спортска арбитража (CAS), претседатели на Меѓународните и Европскитe спортски федерации, Организационите комитети на Олимписките игри Рио 2016, Пјонг Чанг 2018, Токио 2020, на Европските игри 2019, Медитеранските игри Тарагона 2017, Европскиот младински олимписки фестивал Ерзурум 2017 (зимски – Турција) и Ѓер 2017 (летен – Унгарија), Сараево 2019 (зимски) и Mинск (летен – Белорусија) и многу други.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top