Привршува изградбата на „Портата Вевчани“ низ која од Ѓурѓовден, вевчанци и гостите ќе влегуваат во „державата“. Според Охрид Њуз
Портата ќе биде осветлена со неколку канделабри, а соодветно осветлени ќе бидат и пешачките патеки, кои наскоро ќе бидат изградени и ќе водат од портата до самото село.
Камен темелникот на овој објект беше ставен во месец март. „Портата Вевчани“ која се гради во месноста викана Суво поле, е донација на вевчанската градежна компанија „ВИА“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


