Актерот Богољуб Митиќ Ѓоша овие денови е во центарот на вниманието откако бил уапсен за поседување на 50 грама кокаин. Но, кај еден од двајцата дилери, пронајден е список на познати личности кои нарачувале по еден-два грама кокаин, а имало и такви кои барале од 50 до 70 грама.
Полицијата го запленила списокот на должници од водечките дилери на џет-сетот, а меѓу естрадните уметници владее голема паника.
Откритието дека актерот и водител Богољуб Митиќ, познат како Ѓоша и поп иконата Беби Дол се вплеткани во синџирот на дрога вознемири многу познати личности.
Речиси целата естрада живее во параноја поради опасност дека уапсениот дилер може да открие во полиција на кој се и по колку дрога му продавал.
На актерот Ѓоша поддршка му дадоа неговите колеги од шоуто „Твоето лица звучи познато“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.