| четврток, 6 декември 2018 |

ИН МЕМОРИАМ: Почина доајенот на македонскиот фудбал Миле Герасимовски – Гале

Денеска, на 97-годишна возраст почина еден од доаените на македонскиот фудбал Миле Герасимовски – Гале.

gale

За чичко Гале, како што го познаваа многуте домашни фудбалски генерации, фудбалот беше целокупниот негов живот. Првиот свој фудбалски настап го запиша во далечната 1935 година, на свои 16 години за ФК Југ од Скопје, и од тогаш не се оддели од фудбалската топка.

Герасимовски, во својата играчка кариера, настапуваше за Победа, Вардар и Работнички, но не е тајна дека секогаш потенцираше како Работнички му е во срцето. Беше единствен претседател од Македонија на поранешниот Фудбалски сојуз на тренери на Југославија и директен учесник во контрола на селекторите на фудбалските репрезентации на Југославија.

gale 1

Гале со своето богато фудбалско искуство и преку тренерската школа израсна плејада успешни фудбалери и репрезентативци на Македонија, кои подоцна се вклучија во светските елитни фудбалски клубови. Дружејки се со фудбалот Гале никогаш не признаваше години, остана со мечтаењето за зелените фудбалски терени и магичната фудбалска топка се до последниот здив на животот.

Погребот на Миле Герасимовски – Гале ќе биде во понеделник (23. мај) од 13 часот на градските гробишта “Бутел” во Скопје. Посмртните останки ќе бидат изложени од 12 до 13 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top