| четврток, 6 декември 2018 |

Асфалтирани пристапните патишта во кратовско Страцин- Исполнето ветувањето на Груевски

gruevski-stracin-640x375

Кога пред три месеци лидерот на ВМРО-ДПМНЕ го посети кратовско Страцин меѓу другото граѓаните побараа асфалтирање на неколку пристапни патишта до селото.

Тогаш Груевски вети дека ќе се разгледа можноста да се аплицира за средства преку Агенцијата за финансиска поддршка за земјоделието.

-Дел од уличките правиме сега, дел ќе гледаме да ги направиме во иднина- им рече Груевски на граѓаните.

Ова ветување не беше заборавено и покрај сите случувања врзани со политичката криза. Во Стацин почнаа градежните работи и ветувањето се исполни со голема брзина, на задоволство на жителите.


Градоначалникот на Кратово информира дека многу брзо граѓаните ќе ги добијат пристапните патишта кои ги бараа и им беа потребни.

gradonacalnik-kratovo-640x334

-Вчера во маалото Лепановце се асфалтираше улица во должина од 400 метри. Овие пари се обезбедени преку Владата на Република Македонија, односно преку Агенцијата за финансиска поддршка за земјоделието. Ние ја искористивме можноста да аплицираме за мерката. Истовремено преку Агенцијата се работи и на изградба на локалниот пат од село Шопско Рудариво со манастирот Кладенци. Во моментов се врши тампонирање на патот и во наредните 15-20 дена ќе биде завршено асфалтирањето- вели градоначалникот Мите Андоновски.

ulica-2

Исто така преку Агенцијата за финансиска поддршка за земјоделието обезбедени се 20 милиони денари за асфалтирање на локалниот пат од село Каврак до браната Злетовица.pat-stracin-640x356

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top