| четврток, 6 декември 2018 |

Антиќ феноменален во полуфналната серија во плејофот од турскиот шампионат

fenerbahce

Втората убедлива победа за два дена на Фенербахче над Ушак Спортиф му донесе и ново полуфинале на Перо Антиќ и неговиот клуб во плејофот на турската Супер лига. Вицешампионот на клупска Европа минатиот викенд загуби во финалето на Евролигата, но поразот очигледно и тоа како е заборавен. Избраниците на Жељко Обрадовиќ изиграа максимално сконцентрирани и заслужено славеа над ривалот со 81-64 (22-11, 16-17, 22-21, 22-15)

Поранешниот капитен на сениорската репрезентација го предводеше својот клуб до нов значаен триумф со 19 поени (3/6 за два поени, 4/5 за три поени) и девет скокови на кои придодаде и три асистенции што ги постигна за 30 минути поминати на паркетот.

Противникот во полуфиналето, Антиќ ќе го добие од исходот помеѓу Галатасарај и Пинар Каршијака.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top