| четврток, 6 декември 2018 |

Уште една потврда за успешната работа, Миловановиќ од „Академија Пандев“ потпиша за Киево

milovanovic

Академија Пандев креира тренд на продажба на своите најталентирани фудбалери во Италија, па така 17-годишниот Даниел Миловановиќ својата кариера ќе ја продолжи во дресот на Киево. Како што јавува струмичката телевизија „Вис“, сите детали од договорот се веќе средени, а младиот крилен фудбалер потпишал договор со „летечките магариња“. Предвидено е тој во следната сезона да го носи дресот на младинците на Киево, а потоа доколку се докаже да заигра и за сениорскиот тим на италијанскиот прволигаш.

– Директорот на Киево беше во Скопје и го гледаше Куп финалето со Вардар каде славевме. Ме забележаа уште на турнирот во Виареџо на дуелот со Апиа, на кој беше присутен заедно со тренерот на првиот тим, за кого е неизвесно дали ќе остане на кормилото на Киево. Моја цел ќе биде што наскоро да заиграм во Серија А – изјави Миловановиќ за ТВ Вис.

Миловановиќ е вториот член на Академија Пандев што својата кариера ја продолжува во Италија, откако претходно Јани Атанасов потпиша договор со Интер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top