| четврток, 6 декември 2018 |

Куманово домаќин на МЗТ во вториот плеј-оф дуел во борбата за титулата

Кошаркарите на Куманово вечер од 19 часот и 30 минути го пречекуваат МЗТ Скопје Аеродром во вториот натпревар од финалната серија на плејофот.
Бранителот на титулата, МЗТ Скопје по неочекуваниот пораз на домашен паркет, сега на дуелот во Куманово е без право на грeшка, бидејќи во спротивно со втор пораз би се довел во скоро невозможна позиција за одбрана на шампионскиот трофеј. 
Во средата во Јане Сандански  мотивираните кошаркари на Куманово предводени од  Бојан Трајковски славеа минимална, но многу значајна победа од 87:84 и поведоа со 1-0 во финалната серија до три добиени средби.
Куманово се надева дека со поддршка од навивачите ќе го потврдат брејкот и ќе стигнат до втор триумф.
Ниту една екипа во историјата на македонската кошарка не успеала да се врати по 0-2, па затоа вечерашниот дуел се очекува со голем интерес и може да биде решавачки за крајниот победник.
МЗТ Скопје Аеродром има четири шампионски титули, сите освоени во последните четири сезони, додека Куманово се уште нема шампионски трофеј.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top