| четврток, 6 декември 2018 |

Прво почина неговата жена, па ќерката – на нивниот погреб ја загуби и својата сестра

345B2F4700000578-0-image-a-2_1463612148739

Кога на 6 мај ја изгубил жената при раѓањето на нивната ќерка, Американецот Домингос Фрага не ни претпоставувал дека тоа не е единствена трагедија која ќе му се случи таа тажна недела во мај

Неговата сопруга, Лиз, после итен царски рез била префрлена од една болница во друга, каде почина од голема загуба на крв. Домингос и Лиз биле во брак само пет месеци.

345C22BE00000578-0-image-a-14_1463612527756

Само пет дена по смртта на Лиз, на 11 мај, почина и новородената ќерка Џулиет, и тоа од последици при раѓањето. До породувањето на неговата сопруга, таа немала компликации за време на бременоста. Истата недела, на денот кога тој се подготвувал за погребот на жената и ќерката, Домингос дознал дека му починала 42-годишната сестра која боледувала од рак на грлото на матката.

345B2F5300000578-0-image-a-1_1463612142246

Згора на се, несреќниот Американец набрзо прими вест дека ја изгубил и 91-годишната баба, која починала од тежок мозочен удар. Тоа се случило два дена пред погребот на неговата сестра.

Неговиот пријател Тиаго Переир покрена кампања за собирање финансиски средства за помош на Домингос по пат на сервисот GoFundMe.

– Мора да се носи со енормната емоционална тежина, а пред се, тука се и разни трошоци кои наеднаш треба да се подмират. Тој никогаш не би барал пари, но знам дека му требаат. Не можев да гледам а да не преземам нешто, рече Тиаго.

До сега се собрани повеќе од 50.000 долари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top