Археолошкиот музеј на Македонија се приклучува на „Европска ноќ на музеите 2016“ и вечерва од 18 часот па се до полноќ овозможува бесплатен влез за посетителите.
Со ова и Археолошкиот музеј се приклучува на сите музеи од земјите од Европа кои го слават културното наследство и ги отвораат навечер вратите за посетителите. Настанот е со седиште во Париз и се повторува по 13-ти пат годинава.
Од Археолошкиот музеј информираат дека поради неизвесната бројка од посетители, водичите нема да презентираат низ музејската поставка, а последниот термин за влез ќе биде 23:30 часот.
И НУ Музеј на македонската борба организира изложба по повод европската манифестација „Ноќ на музеите“ и 25 години од постоењето на најмалиот етнолошки музеј на светот од Џепчиште, Тетовско, која ќе се одржи во фоајето на музејот, со почеток во 20 часот. Посетителите ќе можат да ја погледнат изложбата и утре.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст