Светски ден на семејниот лекар, 19 мај , прв пат објавен во 2010 година од страна на WONCA(Светско здружение на семејните лекари), стана ден кој ја истакнува улогата и придонесот на семејните лекари во здравствените системи во целиот свет. Овој глобален настан станува се популарен од година на година и е навистина одлична можност за признание за централната улога што ја имаат семејните лекари во давањето на лична, сеопфатна и континуирана грижа на сите свои пациенти.
Во Македониија денеска Здружението на лекари по општа и семејна медицина, член на WONCA а во соработка со Асоцијацијата за хипертензија на Македонија во периодот од 11 до 14 часот пред споменикот на Мајка Тереза на ул. Македонија ќе одржи настан по повод Светскиот ден на семејниот лекар.
Под мотото: „ Дали го знаеш твојот број?“ ќе се врши бесплатно мерење на крвниот пристисок со делење на совети и брошури од страна на стручни лица. Во исто време на овој настан ќе се одбележи и светскиот ден на хипертензија, 17 мај, со поддршка и на Светската здравствена организација и Министерството за здравство на Република Македонија.
Денеска со гордост може да се констатира дека семејната медицина е реалност во Македонија. Денеска има повеќе од 280 специјалисти по семејна медицина.
Семејната медицина е најдобриот начин да се подобри здравјето на поединецот, семејството и заедницата.
Постојат многу докази дека здравствените системи базирани на јака примарна заштита, што вклучува силна семејна медицина, се најефикасни, праведни и трошоците се најмали. Секое семејство треба да има семеен лекар на кој му верува секој член од семејството за здравствена грижа и совет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст