Унгарија секогаш била и ќе остане силен поддржувач на Македонија кога станува збор за европската и евро-атлантската интеграција. Мислам дека сите треба да се држат настрана од мешање во домашните и внатрешни политички случувања во Македонија и да се остави македонскиот народ да донесе одлука за иднината на нивнат земја.
Ова го порача министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, по денешниот состанок на Северно-атлантскиот совет на НАТО.
Коментирајќи го последнио развој на настаните во македонската држава, Сијарто, кој е отворен поддржувач на македонската евро-атлантска интеграција, посочи дека „Последните четири пати, кога македонскиот народ донесе одлука на избори, тој донесе многу јасна одлука што сите треба да ја почитуваат“.
Мислам дека треба да се вратиме на принципите и нашата принципиелна позиција е дека волјата и одлуката на народот мора да се почитува. Македонскиот народ одлучи веќе четири пати на четири избори едно по друго во корист на Владата предводена од господинот Груевски. Неговата Влада имаше многу добри резултати кога станува збор за европската и евро-атлантската интеграција, истакна Сијарто.
За тоа каков е ставот на Унгарија за вмешувањето и „оелснувањето“ што во домашната политичка криза во Македонија го прави меѓународнито фактор и пред се Европската унија и некои нејзини земји-членки, шефот на унгарската дипломатија со став дека никој не треба да се меша.
Ние не гледаме причина за било кој да се меша во домашната и внатрешна политичка ситуација на Македонија. Тоа мораме да го оставиме на македонскиот народ. Имаме многу чудна ситуација или подобро да го искористам зборот „смешна“, ако не е и трагична во однос на Македонија, каде имаме опозициска партија што не сака рани избори. Владата во Македонија е подготвена за предвремени избори за што и премиерот даде оставка и беше формирана голема коалиција, а и условите беа договорени по што опозициската партија не сакаше да учествува на изборите. Тоа е еден вид на однесување што е целосно непознато кога станува збор за демократијата. Затоа, нашата позиција е дека ни треба стабилен Западен Балкан, а стабилен Западен Балкан не може да постои без стабилна Македонија. Стабилна Македонија, пак, има потреба од стабилна Влада што Македонија ја има во моментов, дециден е Сијарто.
Унгарскиот министер за надворешни работи ја пофали улогата на Македонија во миграциската криза, потенцирајќи го фактот дека „Македонската држава го спречила мигрантскио наплив во Европа“.
–Миграцијата претставува голема безбедносна закана за цела Европа, бидејќи мигратнсткиот наплив им дозволува на терористичките организации да ги испраќаат своите теорристи во Европа. За жал, ние ги искусивме последиците од тој голем наплив во Европа и тука морам да ја пофалам улогата на Македонија, бидејќи Македонија го запре напливот на западно-балканската рута. Имаме чудна ситуација – треба да се потпреме на земја што не е членка на Европската унија и мораме да се потпреме на земја што требаше веќе да биде инволвирана во пристапните преговори, но неколку пати за жал не се покренати. Ги поздравуваме вашите резултати досега и сметам дека ЕУ треба да ги постави јасно работите, дека секоја земја-членка што и припаѓа на Унијата или на Шенген-зоната мора да се усогласи со своите обврски, потенцираше Сијарто.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст