| четврток, 6 декември 2018 |

Платите во март повисоки за 3 проценти

plata

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во март 2016, изнесува 22.053 денари и бележи раст од три отсто, објави Државниот завод за статистика.

Зголемувањето се должи на повисоката просечна месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Административни и помошни услужни дејности за 16,8 отсто, Информации и комуникации за 14,6 отсто и Градежништво за 12,8 отсто.

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Информации и комуникации за 10,7 отсто, Административни и помошни услужни дејности  за 9,3 отсто и Рударство и вадење на камен за 6 проценти.

Просечната месечна бруто-плата по вработен во март 2016 изнесува 32.392 денари и бележи раст од три проценти.

Во март 2016 година, 1,3 отсто од вработените во Република Македонија не примиле плата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top