| четврток, 6 декември 2018 |

Млад маж загина во тешка сообраќајка кај Катланово (ФОТО)

Едно лице загина во сообраќајката која утринава се случи на влезот на Катлановска бања, кога дошло до судир меѓу автобус на ЈСП кој сообраќал од Транспортниот центар кон бањата и автомобил марка „застава“ , објави „Алфа“. Во судирот настрадал возачот на „заставата“.

katl

Според информациите до кои на лице место дојде телевизија, се работи за човек на околу 30 години кој во моментот на насреќата бил сам во автомобилот. Додека екипата на „Алфа“ била присутна, припадници на МВР и Јавен обвинител вршеле увид на местото на несреќата, а пожарникари чекаа да заврши увидот за да можат потоа да го исечат автомобилот и да го извлечат телото на загинатиот возач. Детали за тоа како дошло до оваа собраќајка со фатални последици МВР најави дека ќе соопшти подоцна.

katlanovo-soobrakajka

-Инаку главниот град за жал од поодамна е арена во која несовесни возачи предизвикуваат сообраќајни незгоди со потешки или полесни последици. Синоќа околу 22. 30 часот на булаврот Партизански одреди, во близина на „Сити мол“ дошло до карамбол на три возила при што се повредени четири лица. Според информациите на МВР две возила „Ауди“ и еден „Јагуар“ се тркале на познатиот булевар и вистинско чудо е што во несреќата нема фатални последици. Сите повредени се префрлени во болница но набрзо се пуштени на домашно лекување. Како куриозитет, еден од учесниците во трката е девојка родена 1997 година, објави телевизијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top