ФБИ се вклучува во истрага за аферата околу користењето недозволени стимулативни средства во спортот. Американското обвинителство почна истрага за учеството на повеќе руски спортисти во допинг-програмата финансирана од државата, пренесува „Њујорк тајмс“.
Истрагата што ја поведе ФБИ ќе ги опфати спортистите, официјалните лица во руската влада, институциите за борба против допинг и сите други лица инволвирани во аферата.
Според ланските сознанија на Светската анти-допинг агенција (ВАДА), во Русија е откриена организирана допинг мрежа која била финансирана од државата. Григориј Радченко, поранешен раководител на руската Лабораторија за контрола на допинг кој сега живее во Лос Анџелес, призна дека во текот на контролата на учесниците на Зимските олимписки игри во Сочи, ги заменувал позитивните примероци од урината со чисти и дека во сето тоа биле вклучени и руските безбедносни служби.
Дека во Русија постои голем проблем со допингот потврди и рускиот министер за спорт, Виталиј Мутко во колумната за британскиот венсик „Дандеј тајмс“.
– Тоа е срамота, но не постои вмешаност на руската влада. САД би требало да си гледаат во својот двор, бидејќи ни кај нив работите не се розови – нагласи Мутко, а други руски официјални лица на британскиот весник му се заканија со тужба.
На 17 јуни ќе се знае дали Руската атлетска федерација ги исполнува критериумите за учество на претстојните Олимписки игри во Рио де Женеиро. А, во меѓувреме се појави и проблемот со употребата на мелдониумот, супстанца која е забранета од 1 јанураи 2016 година, а која ја користеле поголем број руски спортисти меѓу кои и тенисерката Марија Шарапова.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.