Џорџ Клуни и Рис Видерспун агитираат за Хилари, додека Марк Руфало и Сузан Сарандон го поддржуваат Берни… Битката за Белата куќа се води и во Холивуд, каде ѕвездите даваат малку од својата магија за кандидатот што го поддржуваат.
– Она што го носат славните, освен парите, е славата. Кога ве поддржуваат луѓе ако Џорџ Клуни или Бијонсе, тоа е плус за вашиот имиџ, констатира Сара Брејнер, директор за истражувања во Центарот за одговорни политики – организација која е специјализирана за финансирањето на предизборни кампањи.
Ѕвездите даваат директно и по неколку милиони долари на кандидатот кои тие го претпочитаат, по примерот за „тешки категории“ во браншата како шефот на филмското студио „Дримворкс анимејшн“, Џефри Каценберг или режисерот Стивен Спилберг.
Ѕвезди како Џорџ Клуни или Тоби Мекгваер организираат настани за собирање средства за Хилари Клинтон, на кои богати донатори префрлаат по 300,000 долари од човек за една вечер со „кремот“ на Холивуд.
Ѕвездите на филмот, телевизијата и музиката се петтиот најголем извор на средства за поранешната државна секретарка.
Но, ако бидат вклучени сите демократски и републикански кандидати од почетокото на претседателската трка, Холивид се наоѓа на дури 13-то место меѓу секторите за финансирање, со 27 милиони долари – сума коа во поголемиот дел отиде кај демократите.
Тоа е доста помалку од финансиите од Волстрит (231,6 милиони долари), од кои 65 проценти отидоа за републиканците, велат од Центарот за одговорни политики.
Но, не се сите ѕвезди добредојдени.
Ексценрични славни личности
Никој не сака ексцентрична славна личност како Мел Гибсон. Денес дури и не мислам дека некој кандидат би ја посакал поддршката од Џејн Фонда, која е многу спорна личност, смета Стивен Рос, професор по историја на Универзитетот на Јужна Калифорнија и автор на книгата „Холивуд лево и десно“.
– Поддршката на актерката и режисерка Лина Данам „е важна за придобивање на младите жени“, а онаа на режисерот Спајк Ли за Берни Сандерс – за привлекување на афроамериканските избирачи од кои повеќемината ја поддржуваат Хилари Клинтон, дава пример професорот.
Дали нивната поддршка се изразува во гласови? – Невозможно е да се определи нивниот број, вели Сара Брејнер.
Едно истражување на двајца универзитетски професори, Крејг Гартвејт и Тимоти Мур, објавено во весникот „Право, економија и организација“, всушност открило дека многу влијателната телевизиска ѕвезда Опра Винфри донела еден милион гласови за Барак Обама во 2008 година.
Понекогаш кокетирачките односи меѓу Холивуд и политичката елита се дадени во заклучокот на студијата. – Во 20-те години на 20-иот век Луис Маер го претвори „Метро Годлвин Маер“ во пропагандна агенција за Републиканската партија, и ги испраќаше сите по ред најголеми ѕвезди да позираат за нејзините кандидати, потсетува Стив Рос.
Тој потсетува и дека спротивно на клишето дека Холивид е бастион на демократите, „постојат два Холивуди: на бизнисот и на правењето филм“.
Раководителите на студијата не сакаат да го пропуштат питомото за да го гонат дивото, и во принцип играат и за двата кампа за да направат така дека политиката и законите – против пиратеријата и за авторските права – како и меѓународните трговски договори се корсни за нивниот сектор.
Судир со привилегираната достапост
За сметка на тоа, повеќето од творците во Холивуд ги поддржуваат демократите од 60-те години на 20-от век – со неколку ретки исклучоци како Чарлтон Хестон или Клинт Иствуд.
Што бараат ѕвездите во замена за своите долари и освојувачките насмевки? Привилегирана достапност.
– Тие не се наивни до степен да кажат дека ќе влијаат на нечија програма, но кога човек дава сума со повеќе од шест цифри, тој очекува дека кога ќе оди да разговара со претседателот, ќе може тоа и да го направи, вели Стив Рос.
Но, милијардерот Доналд Трамп, кој изгледа е сигурниот кандидат за претседател на републиканците, е исклучок.
Него го поддржаа многу малку ѕвезди, ако ги оставиме настрана многу старите луѓе кои немаат некој особен шарм, како Џон Војт или поранешниот кечер Хулк Хоган. – Но, Трамп е славен сам по себе, потенцира Стив Рос. И со шокантните изјави, тој постојано изведува шоуа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст