| четврток, 6 декември 2018 |

Салах Абдеслам одби да зборува пред судот во Париз

sa

Осомничениот за нападите во Париз во ноември минатата година, Салах Абдеслам денеска одби да зборува пред истражните судии, изјави неговиот адвокат Франк Бертон.

Тој посочи дека Абдеслам се повикал на правото да молчи и распитот завршил. Адвокатот наведе дека неговиот клиеnт подоцна може да побара да зборува, но не посочи точен датум.

Абдесалам, последниот преживеан извршител на нападите во Париз, во кои загинаа 130 луѓе, минатиот месец изјави дека сака се да објасни. Бертон посочи дека Абдесалам е вознемирен поради деноноќното видеонабљудување на ќелијата, каде е затворен под строги безбедносни мерки. Денеска беше првиот распит на Абдеслам откако минатиот месец беше екстрадиран од Белгија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top